| четврток, 6 декември 2018 |

Книжевната награда „Златен прстен“ за пет добитници од четири држави

Годинашни добитници на меѓународната награда “Златен прстен“ за книжевен творечки опус се писателите: Санде Стојчевски (Македонија), Ненад Груичиќ и Зорица Арсиќ Мандариќ (Србија), Радомир Улјаревиќ (Црна Гора) и Јованка Стојчиновиќ Николиќ (Босна и Херцеговина).

Традиционалната меѓународна награда “Златен прстен“ ја доделуваат Издавачката куќа “Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје.

Наградата ќе биде врачена на претстојниот Меѓународен саем на книгата, кој ќе се одржи од 12-18 април 2016 година во Скопје.

Инаку, досегашни добитници на наградата “Златен прстен“ се: Милан Ѓурчинов, Ферид Мухиќ, Светлана Христова Јоциќ, Васил Тоциновски, Петре Бакевски, Веле Смилевски, Тодор Чаловски, Ристо Василевски, Јордан Плевнеш, Раде Силјан (Македонија), Фиона Самсон (Англија), Петар Опачиќ, Борислав Павловски (Хрватска), Бања Нацуиши (Јапонија), Владислав Бајац, Момо Капор, Радомир Андриќ, Ева Рас, Душица Илин (Србија), Сергеј и Тетјана Ѕуба (Украина) и Аднан Озер (Турција).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top