Ник Киргиос го победи Милош Раониќ во два сета со 6-4 и 7-6 и се пласираше во полуфиналето на мастерс турнирот во Мајами.
За Австралиецот ова е прво полуфинале во кариерата на еден мастерс турнир и успех, кој ќе го искачи во Топ 20 тенисерите на новата АТП ранг-листа, која ќе биде објавена во понеделник.
Киргиос во полуфиналето ќе игра против Кеи Нишикори, кој синоќа го елиминираше Гаел Монфилс победувајќи го со 2-1 (4-6, 6-3, 7-6) во сетови. Другата полуфинална двојка во Мајами е Новак Ѓоковиќ и Давид Гофан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.