| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) „Бекстрит бојс“ слави 20 години на сцената

Момчињата од задната улица пораснаа. Оваа година една од најпопуларните поп- групи во 90-тите години, „Бекстри бојс“ слави 20 години постоење на сцената, а за нивниот јубилеј добија и ѕвезда на најпопуларната улица во Холивуд, Булеварот на славните.

backstreet_620x350

– Се вративме и не одиме никаде – вчера им се обрати на обожавателите Ник Картер на доделувањето на ѕвездата, каде што членовите на бендот меѓудругото ја најавија и нивната светска турнеја.

images

Групата „Бекстрит бојс“ е оформена во 1993 година во Флорида и нивните албуми се имаат продадено во 130 милиони копии низ светот. После две-три поголеми кризи, групата чии постери красеа милиони ѕидови на тинејџерките низ светот, па и кај нас, сега покрај турнејата најавија и нов албум, како и музички документарец за нивниот трнлив пат низ кариерата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top