Државната изборна комисија (ДИК) вечерва на јавна седница одлучи да постапи по барањето на Дирекцијата за заштита на лични податоци да ги повлече од јавен увид на интернет Избирачкиот список со вкупниот број гласачи како и Списокот на неконзистентни записи – предмет на теренски проверки кој опфаќа 89.000 спорни гласачи.
По однос на првото решение (за Избирачкиот список, во кој беше достапна проверка по име и презиме, адреса и место на гласање), донесена е одлука да се поднесе тужба пред Управниот суд со образложение дека повлекувањето на Избирачкиот список е во спротивност на Изборниот законик.
Дирекцијата за заштита на личните податоци ги донесе двете решенија откако по службена должност изврши вонреден инспекциски надзор во ДИК по однос на објавувањето на личните податоци од Избирачкиот список на нејзината веб-страница.
Според Дирекцијата, Изборниот законик во членот 55 став 1 предвидува дека личните податоци содржани во Избирачкиот список се заштитени во согласност со закон и не смеат да се употребуваат за ниедна друга цел, освен за остварување на избирачкото право на граѓаните. Но, со овозможувањето електронски пристап до името и презимето и адресата на сите избирачи преку интернет за неодреден период, постои ризик личните податоци да бидат употребени и за други цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот