Белгискиот суд одлучи во четвртокот да ѝ го предаде на Франција Слах Абдеслам, главниот осомничен за париските експлозии на 13-ти ноември 2015 година, во кои беа убиени 130 луѓе. Адвокатот на Салах Абдеслам претходно во четвртокот објави дека неговиот клиент се откажал од првичното противење да биде екстрадиран во Франција, и ја повторил својата понуда да соработува со француските власти.
„Салах Абдеслам сака да им биде предаден на француските власти. Тој сака да соработува со француските власти“, изјави Седрик Моасе за медиумите. Франција и Белгија сега треба да ја договорат постапката за екстрадиција, соопшти белгиското обвинителство.
По апсењето на 18-ти март годинава во Брисел, четири месеци по париските напади, Андеслам одговорил на некои прашања на иследниците, а потоа по бомбашките напади во белгиската престолнина од 22-ри март, се повикуваше на своето право да се брани со молчење.
Истрагата смета дека нападите во Париз и во Брисел ги извеле џихадисти од иста мрежа на екстремната организација Исламска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.