| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуиран аеродромот во Шведска, експлодирале две торби

Неколку холови на аеродромот „Ландветер“ во Гетеборг, Шведска, се евакуирани поради две сомнителни пластични торби. Според пишувањата на социјалните мрежи, дошло до експлозија.

Службите за вонредни ситуации се на местото на настанот, како и полицискиот одред за деактивирање бомби.

– Пронајдовме сомнителен предмет на аеродромот и примивме директна закана поврзана за аеродромот – изјави за еден шведски весник  Шарлот Периасами, портпаролката на компанијата што го управува аеродромот.

Во извештаите се наведува дека на аеродромот се наоѓаат полицајци и одреди за деактивирање бомби и дека се пронајдени две сомнителни пластични торби.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top