| четврток, 6 декември 2018 |

„Остани стабилен“ е мотото на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“

Под мотото „Остани стабилен“ од 9 до 12 април, по деветти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ посветен на професионалната независна театарска продукција, која негува алтернативен и експериментален театар, во организација на независниот ТЕАТАР 007 и Конгресен центар „Александар Македнонски“-Скопје (Универзална сала-Скопје).

Годинешната програма изобилува со претстави од најразлични жанрови, тематски провокативни и истите ќе промовираат нови и свежи театарски естетики пред македонската публика.

Во официјалната натпреварувачка програма се седум претстави од Русија, Србија, Италија, Романија, Грција и две претстави од македонската независна продукција, кои ќе се борат за една од трите фестивалски награди и тоа: Гранд при, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.

Како и во претходните години, така и оваа, на Малата сцена во Универзална сала- Скопје, секој ден од 9 до 12 април, ќе се одржуваат работилници, предводени од гостинските театри на кои низ пракса ќе се разменуваат искуства. Работилниците ќе бидат отворени и за пошироката публика, со претходна најава кај организацијата на фестивалот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top