| четврток, 6 декември 2018 |

Ставрески: Индустрискиот пораст дава надеж за висок пораст на економијата

­ stavre

Порастот на индустриското производство од 15,2 отсто во февруари, според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески е добар резултат и одличен старт што создава очекувања и надеж дека вкупниот пораст на економијата годинава ќе биде добар.
­ -Политиката на Владата и мерките што се преземаат во изминатите години создадоа добра основа за постојан пораст на производството на економијата преку поддршка на домашните фирми, со низа мерки, со најниски даноци во светот, со проектите како „Македонија вработува“ со ослободување на фирмите од плаќање данок од реинвестирана добивка, како и политики во делот на евтините кредити и високите капитални инвестиции. Тука се и странските фирми кои придонесуваат за пораст на економијата – изјави Ставрески при денешната посета на Кавадарци.

stavre2
Тој додаде дека сето ова создава основа да се верува дека македонската економија и понатаму ќе расте со висока стапка, а тоа, како што рече, е значајно за граѓаните затоа што преку висок раст на економијата може да очекуваме нови инвестиции нови работни места и намалување на невработеноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top