Во 33 општини низ државата се отворени канцеларии во кои граѓаните поблиску ќе може да се информираат за бенефитите што ги нуди најновиот проект „Купи куќа за млади“.
Канцелариите се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно-правни односи и на Управата за јавни приходи.
Покрај за овој проект, граѓаните ќе може да се информираат и за проектот „Купи куќа, купи стан“
– Проектот „Купи куќа за млади“ наиде на голем интерес кај младите кои имаат до 35 години не само во Скопје, туку и во сите градови во внатрешноста на Република Македонија. За да го приближиме проектот до младите луѓе и да можат на едно место да добијат информација за условите, учеството, банките и плацевите отворивме канцеларии во 33 општини во подрачните единици на Управата за имотно-правни работи и на Управата на јавни приходи, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
За таа цел се обучени вработените кои работат во овие канцеларии и тие ќе ги дадат потребните информации за младите полесно да се запознаат со условите што ги нуди проектот и да дојдат до сопствен дом.
– Апелирам до сите млади луѓе да се информираат за проектот и да ја искористат можноста што ја даваат овие канцеларии. Во текот на февруари ќе организираме и караван низ повеќе градови во Република Македонија така што на сите начини ќе се обидеме да им го доближиме проектот на младите луѓе, истакна вицепремиерот Ставрески.
Тој нагласи дека се работи за голема поддршка што им ја нуди државата на младите луѓе за да го решат едно од најсуштинските животни прашања.
Поддршката е 80 отсто субвенција на ратата и тоа главнина и камата во текот на осум години и уште три години субвенција од 50 отсто на ратата, или 100 отсто од учеството за кредит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Граѓаните и догодина ќе аплицираат за „Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“
-
Во Василево има работа за сите: Во четирите индустриски зони вработени се 95% жители
-
Проектите на македонската влада успешно се копираат и се спроведуваат и во регионот
-
Ставрески: Создадовме успешен систем за справување со невработеноста