| четврток, 6 декември 2018 |

Јанева им се одмаздува на тие што ги открија Верушевски и неговиот план за крв по улиците

СЈО и Катица Јанева очигледно имаат цел да го спасат првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, и неговите соработници кои предвидуваа крв на улиците, а за сметка на тоа кривично ќе бидат гонети оние кои професионално работеа за државата и го открија овој криминал

Верушевски е на слобода, а луѓето што го открија неговиот криминал кривично се гонат, а еден е и во притвор.

Откако ја доби функцијата, Јанева веднаш ја исполни својата цел и нејзиното прво сработено нешто е барањето Верушевски да излезе на слобода. Секако, притворот на човекот што се обвинува за тешки дела беше укинат, па соработникот на Зоран Заев е сега на слобода. Укинат беше и притворот на Ѓорги Лазаревски.
verus-sonja

Откако Верушевски излезе од притвор, неговата сопруга за ова јавно му се заблагодари на лидерот на СДСМ.

Дека СДСМ го најавува тоа што СЈО го одработува веќе е јасно за сите. Така, Зоран Заев на средба со граѓани во Капиштец најави дека СЈО ќе почне акција и ќе испорача наредби за истраги. Како што тој диригираше, така Јанева реагираше. Со експресна брзина таа ја најави првата акција.

Заев најави и притвори, а тоа и се случи.

Последниот случај на СЈО е конструиран и целосно неоснован. Токму соработниците на Верушевски од УБК, поточно Звонко Костовски, осудениот за „Пуч“, уште во 2013 година дал мислење дека опремата е неупотреблива и некомпитабилна со новата технологија на мобилните оператори. Уште истата година во согласност со книговодната евиденција, таа има вредност од 1 денар. Во 2014 година таа опрема е целосно надвор од функција и е сместена во магацин по вадење од системот.

Минатата година, пак, формирана е комисија за да процени дали опремата е функционална и употреблива. Донесена е одлука дека опремата ниту се употребува, ниту ќе се употреби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top