| четврток, 6 декември 2018 |

Мартија – Пинковата ѕвездичка некогаш и сега(видео)

Мартија Станојковиќ има само 11 години, а веќе е на пат да го освои светот. Таа е една од трите кандидатки од Македонија во годинешната сезона на „Пинкови звездички“, кои важат за фаворити за освојување на првото место. Секој настап на Мартија е посебен и завршува со овации од публиката и жирито. Членовите на жирито имаат само пофални зборови за „малата Македонка“ како што ја нарекуваат Гоца, Хари, Милан, Јелена и Леонтина.
мартија
За неа велат дека уште отсега треба да почне да работи со некој продуцент и за неколку години и предвидуваат дека ќе достигне светска слава. За себе вели дека е обично дете, кое сака да се дружи со другарите, но има голем сон – да стапне на некоја светска сцена. Нејзина омилена македонска пејачка е Тамара Тодевска, а од светските звезди ја обожава Ариана Гранде.Вака изгледала Мартија пред шест години во емисијата Ај ти замижи!Од тогаш може да се види нејзината талентираност и дека е создадена за на сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top