
Екипата на ЖРК Вардар викендов го игра првиот натпревар од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите против Ларвик на домашен терен.
Во сабота со почеток од 17.30 часот во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион и редовен учесник на фајнал-форот во Будимпешта ќе се обиде со победа и поволен резултат да стигне чекор поблиску до Будимпешта.
Сите од таборот на вардарки со оптимизам го дочекуваат овој меч и посакуваат победа пред реваншот во Норвешка.
Десниот бек словенечката ракометарка Барбара Лазовиќ која во вториот дел од сезоната игра во извонредна форма, напоменува и потенцира дека овој натпревар е всушност мечот на сезоната за целата екипа.
– Немаме право на лош ден, бидејќи го играме најважниот натпревар сезонава. Имавме доволно време за подготовки, добро знаеме кој е Ларвик во женскиот ракомет. Мораме да покажеме добар меч, со помош на публиката да обезбедиме добра предност пред реваншот – истакна Лазовиќ на денешната прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


