| четврток, 6 декември 2018 |

Во МОБ работилница за сите сценски уметници – режисери, актери, танчари

Во организација на НУ Македонска опера и балет и проект-менаџерот, балетскиот уметник Ивана Коцевска од  2 до 6 април во просториите на МОБ ќе се оддржи работолница посветена и отворена за сите сценски уметници. Работилицата ќе ја води реномираниот танчар, кореограф и педагог Милош Соференович од Велика Британија.

За таа цел се покануваат сите ученици од основното и средно балетско училиште „Илија Николовски-Луј“,  студентите од Факултетот за музичка уметност (соло-пеење, балетска педагогија, режија) како и студентите од Факлутетот за драмски уметности – Скопје да земат активно учество во оваа работилница  и да се здобијат со сертификат.

Милош Софренович – танчар, кореограф и педагог. Познат на македонската јавност преку оддржаните работилници во Битола и како гостин–перформер на фестивалот за танц „Локомоушн“. Овој месец за првпат доаѓа како гостин–модератор на работилницата во Скопје.

Едуциран според метод Лабан, својот образовен пат го почнува како стипендист на Trinity Laban Conservatoire of Music & Dance – Лондон. Како уметник, кореограф и режисер има соработувано со многу имиња од кои се издвојуваат: Michael Lazic (Белгија), Ana Sanchez Colberg (Лондон), Kitt Johnson (Данска), Liz King (Виена), Danny Tan (Сингапур), Mikhail Honessau (Берлин), Filippo Armati (Локарно), Sonja Vukicevic (Белград).

Гостува на фестивали во Њу Јорк, Сингапур, Лондон, Единбург, Атина, Истанбул, Исланд, Јереван, Стокхолм, Виена, Грац, Загреб, Ријека, Битола, Белград, и Нови Сад.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top