| четврток, 6 декември 2018 |

Урнебесно: Дали сте слушнале како Валтер го брани Сараево на кинески јазик (видео)

„Валтер го брани Сараево“ е југословенски филм од 1972 година и претставува најгледан филм на сите времиња во Кина. Го погледнале повеќе  од 300 милиони Кинези. Улогата на Валтер го прослави актерот Велимир Бата Живојиновиќ, апокрај него во филмот запазеа улога има и Љубиша Самраџиќ кој го иргаше Зис.

1459334957_2

Филмот „Валтер го брани Сарево“ од 1976 година, кога прв пат бил прикажан во Кина, до денес го погледнале милијарди гледачи, а Бата Живојиновиќ, Валтер во тој филм, во оваа земја ужива култен статус. За да се разбере тој феномен  потребно е да се вратиме во 1976 година кога Кина само што излегла од „културната револуција“ која зад себе оставила стравотни  материјални и духовни рушевини. Валтер бил првиот странски филм кој по таа револуција  се прикажувал во Кина, а за  стотици милиони луѓе бил првиот поглед на било каков свет поинаков од оној во кој со децении живееле.

1459335333_3

Бата стана попознат и од омилениот Мао Цедунг и прераснува во национален херој на кинеската митологија. Познавачите тврдат дека Бата Живојиновиќ полни 30 години во Кина бил повеќе сакан од Тито во Југославија.

Со оглед на фактот дека филмот „Валтер го брани Сараево“ бил неверојатно популарен во Кина, Кинезите решиле да го синхронизираат на кинески јазик.

1459335662_7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top