Неверојатна понуда испратил „кралскиот клуб“ Реал Мадрид за ангажман на фудбалерот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг.
Како што наведува шпански АС, „кралевите“ се подготвени да исплатат дури 70 милиони евра и актуелниот напаѓач на Јувентус, Алваро Мората, за кој Реал ги поседува правата, за да ги добијат услугите на Обамејанг, кој сезонава блеска во германскиот тим.
Неговите игри привлекуваат бројни европски гиганти, а Реал Мадрид нема намера да штеди. Понудата, наводно, веќе е на столот на Борусија и секако е примамлива. И германските медиуми не веруваат дека Борусија ќе може да одолее на таа понуда.
Одличниот напаѓач во 40 одиграни натпревари за „милионерите“ постигна 35 гола, запишувајќи и 11 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Обамејанг пред потпис со Арсенал, напаѓачот им прати чудна порака на фановите
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)