| четврток, 6 декември 2018 |

Те сакам и ми требаш, те молам не оставај ме – сестрата на Мараја Кери моли за помош

Алисон Кери, сестра на познатата пејачка Мараја Кери, се наоѓа смртна постела и објави видео во кое јавно ја моли Мараја да ѝ го спаси животот.

carey-460_1051097S0

Алисон е ХИВ-позитивна и лекувана наркоманка. Пред само неколку месеци беше во тешка здравствена состојба, но лекарите успеале да ја одржат во живот. Сега ѝ е неопходна финансиска поддршка. Нејзината ситуација дополнително се влошила минатиот април кога некој ѝ провалил во станот. Таа заврши со оштување на мозокот. Од тогаш често е во болница, а сметките за медицинска нега се таложат. Сега ја чека операција на мозокот и на ’рбетот, а ако преживее и следуваат години на рехабилитација.

Алисон објави видео во кое ја моли својата славна сестра за помош.

–  Мараја, те сакам и очајнички ми е потребна твоја помош. Те молам, не оставај ме вака.

Братот на Алисон, Морган Кери се надева дека Мараја, чиешто богатство е проценето на 510 милиони долари, на овој начин ќе заборави на семејните конфликти и ќе ѝ помогне на сестра си.

Мараја во јануари се омажи за Австралиецот Џејмс Пакер, кој е четврти во Австралија според богатството, кое се проценува на 4,7 милијарди долари и кој ѝ подари свршенички прстен вреден седум милиони долари.

Портпаролите на пејачката негираат дека таа не ѝ помагала на сестра си.

– Мараја во текот на годините има потрошено стотици илјади долари за помош на Алисон и на нејзините деца. Всушност, таа ги издржуваше повеќе од две децении – наведуваат тие.

Алисон има четири деца од кои најмладото има 14 години. Во младоста, пред Мараја да биде славна, се занимавала со проституција за да може да се прехрани. Мараја и Алисон, наводно, не разговараат од 1994 година, кога жестоко се скарале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top