| четврток, 6 декември 2018 |

Спречен терористички напад на Ал Каеда во Канада

Двајца терористи се уапсени во Канада под сомневање дека подготвувале терористички напад на патнички воз во Торонто.

Според канадските власти, уапсените имале поддршка од Ал Каеда од Иран. Двајцата планирале да го исфрлат од шините патничкиот воз кој од Њујорк сообраќал кон Торонто веднаш штом ја мине канадската граница. Истрагата почнала уште минатата година, а канадската полиција имала соработка со ФБИ.

Цел на 30-годишниот Чихеб Есегхер од Монтреал и на 35-годишниот Раед Јасеб од Торонто бил патничкиот воз Виа Реил Канада, односно рутата по која се движел возот. Не е соопштено како точно било планирано да се изведе нападот .

Познато е само дека тие имале помош од Ал Каеда во Иран, но немало докази дека во нападот биле вмешани и државни елементи од оваа азиска земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top