| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот мебел во студентските домови ќе пристигне пред почетокот на новата студиска година

Набавката за нова опрема за студентските домови во делот на мебелот е во подготвителна завршна фаза, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Отакако ова беше дадено како ветување од страна на Владата  кон крајот на минатата година, Министерството за образование и наука ги презема сите мерки за објавување на набавката. Во овој период се изврши фаза на истражување на пазарот па потоа треба да се добие согласност од Советот за јавни набавки која МОН ја очекува во наредните 10-15 дена, по што ќе го објави јавниот повик за набавувач на мебелот за студентските домови. Како што јавноста се сеќава, ние дадовме јавно ветување дека во сите државни студентски домови ќе биде комплетно заменет мебелот- кревети, бироа, плакари, столици, се она што е нужен мебел за студентите во сите државни студентски домови. Така што подготвителната фаза е во завршница и очекуваме во април да се објави јавниот повик, да се повикаат потенцијалните набавувачи и во текот на летото да биде завршена набавката и целиот нов мебел да се најде во студентските домови, онака како што дадовме ветување во јавноста за студентите, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top