| четврток, 6 декември 2018 |

Коргиос му се нафрли на судијата: Пристрасноста го уништи тенисот (видео)

Австралиецот со грчко потекло Ник Киргиос влезе во конфликт со главниот судија Седрик Муриј за време на мечот со Андреј Кузњецов. Темпераментниот тенисер беше фрустриран поради резултатот на дуелот, па наместо грешките да ги бара во својата игра, Киргиос посочи кон судијата.

„Ова да го направеше Рафаел Надал или некој сличен на него ти би молчел и би се правел дека сè е во ред. Оваа игра е премногу пристрасна. Сите тоа многу добро го знаете. Нема зошто да го криеме тоа и да се лажеме. Спортот е уништен, потполно“ – беа зборовите кои Киргиос му ги упати на судијата.

Со или без помош од судиите, Кузњецов го елиминираше Киргиос од Мајами опен со 2-0 во сетови (7-6, 6-3).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top