| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли зошто сите часовници во рекламите покажуваат исто време – 10:09?

Дали сте забележале дека сите рачни часовници со казалки во рекламите покажуваат исто време, без оглед на марката на саатот? Попрецизно наместени се на 10 часот и 9 минути, а еве и зошто е тоа така.

20160328194512_361985

Речиси сите рачни часовници со казалки во рекламите се намести на исто време, 10 часот и 9 минути (во некои случаи со ситна разлика, на 10 часот и 10 минути или на 1 час и 50 минути). Станува збор за непишано правило на маркетинг тимот со кој се истакнува марката на часовникот и се поттикнува купувач на купување.

Имено, името на прозиведувачот најчесто се наоѓа на горниот дел од часовникот, а кога казалките ќе се наместата на 10 часот и 9 минути совршено го врамуваат и така го истакнуваат.

Освен тоа, така наместените казалки  формираат облик на „смајли“ кој кај купувачите предизвикува позитивни емоции и така произведувачите ги поттикнуваат да го купат часовникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top