Речиси сите рачни часовници со стрелки во рекламите се наместени на исто време, 10 часот и 9 минути( во некои случаи со мала разлика 10 часот и 10 минути, или на 1 час и 50 минути).
Станува збор за непишаното правило во маркетингот со кое се истакнува брендот на часовникот и ги поттикнува луѓето да ги купат.
Имено, името на произведувачот најчесто се наоѓа на горниот дел од часовникот, а кога стрелките ќе се наместат на 10 часот и 9 минути, тогаш тие совршено го “обележуваат” името и на тој начин најубаво го истакнуваат брендот – пишува The New York Times.
Освен тоа, стрелките кои се наместени на тој начин создаваат облик на смајли кој поттикнува позитивни вибрации кај купувачите и тоа ги поттикнува да се заинтересираат за купување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.