Леброн Џејмс не настапи на натпреврот против Хјустон, но „кралот“ на Кавалирс се проба во друга улога, како тренер на својата екипа. Камерите во бројни наврати ги потенцираа движењата на Леброн крај аут-линијата, а суперѕвездата дури и водеше еден тајмаут на Кливленд, додека останатите кошаркари имаа проблем да решат кого ќе слушаат, дали него или пак тренерот Лу. Од ваквата ситуација не профитираше никој бидејќи Кливленд неочекувано загуби на домашен терен со 100-106. Кајри Ирвинг постигна 31 поен за Кливленд, но немаше соодветна помош од соиграчите, Томпсон постигна 16, а Лав 13 поени, што во ситуација кога не игра Леброн Џејмс беше премалку за да се избегне пораз.
Голден стејт триумфираше над Вашингтон со 102-94 за скор од 77-7, со што „воините“ направија уште еден чекор напред во трката за уривање на апсолутниот рекорд на Чикаго булс (72-10). Стеф Кари погоди шест тројки за вкупно 26 поени, Томпстон реализираше 16 поени, што беше сосема доволно за да се скрши отпорот на тимот од главниот град на САД.
Оклахома сити загуби со 88-82 на гостувањето против Детроит. Расел Вестбрук постигна 31 поен, но гостите поради повреда ги немаа на располагање Дурант и Ибака, па немаа сили за триумф на жешкиот терен во Детроит.
Резултати НБА:
Индијана – Чикаго 96-98
Орландо – Бруклин 139-105
Филаделфија – Шарлот 85-100
Детроит – Оклахома 88-82
Кливленд – Хјустон 100-106
Голден стејт – Вашингтон 102-94.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)