| четврток, 6 декември 2018 |

Гостивар: Прегазен пешак

Утрово во Гостивар е прегазен пешак, соопшти МВР. Жртва е седумдесет и деветгодишн гостиварец кој починал изутрина по удар од автомобил на улица „Беличица“ пред мостот на Вардар во Гостивар.

policija-stop2-14960

Од СВР Тетово информираат дека во сообраќајната несреќа се случила утрово околу 6 часот учествувале патничко возило „Сеат ибица“ со гостиварски регистерски таблици, кое го управувал Ш.С. (29) од гостиварското село  Беловиште и пешакот Љ.С.

– Од удираот пешакот се здобил тешки телесни повреди и во животно загорзувачка состојба бил во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, итно е упатен на скопските клиники. На пат за Скопје за жал им подлегнал наповредите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На местото на настанот увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, а при тоа обезбеден е возачот и возилото за вештачење. Се очекува во текот на денот по наредба на обвинителот над безживотното тело на Љ.С. да се изврши обдукција.

Во гостиварската полиција работат на утврдување на причината за несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top