| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија украден куфер со радиоактивен материјал

Шшанските власти апелираа во јавноста да им се помогне во пронаоѓање на украдениот куфер со радиоактивен материјал.

Во соопштението се наведува дека станува збро за портокалов куфер за кој постои мала веројатност дека би можел да биде опасен, освен, ако се користи неовластено.

Куферот е украден од паркирано возило во градот Севилја на југот на Шпанија.

Украдената опрема му припаѓа на Центарот за изучување на материјали и контрола на изработката, а го сочинуваат низок активен радиоактивен елемент цезиум 137 и америциум 241.

Иако исчезната опрема е ставена во категорија опасност „ниво 4“ таа, веројатно, е опасна за луѓето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top