| четврток, 6 декември 2018 |

Свечена академија за 65-годишниот јубилеј на Државниот архив

На 1 април со почеток од 20:00 часот во Македонски народен театар (МНТ), Државниот архив организира Свечена академија по повод 65-годишнината од формирањето на Архивот.

Почесен покровител на настанот ќе биде претседателот на државата д-р Ѓорге Иванов.

– Со задоволство заедно со претставници од Влада на РМ, дипломатскиот кор, претставници од меѓународните архиви, вработените како и со јавноста, ќе го одбележиме 65-годишниот јубилеј од основањето на Државниот архив на Република Македонија. Со гордост се потсетуваме на развојот и дејствувањето на една од најзначајните македонски државни и национални институции. На присутните ќе им се обратат претседателот на државата д-р Ѓорге Иванов и директорор на Државниот архив д-р Филип Петровски, иАрхивот.

По повод јубилејот ќе се промовира монографијата „Државен архив на Република Македонија (1951-2016)“, ќе биде поставена изложба и ќе бидат претставени другите најнови активности на Архивот.

Истиот ден со почеток во 10:00 часот во Порта Македонија, во склоп на јубилејниот настан ќе се одржи и Основачкото собрание на Професионалното архивско здружение на Југоисточна Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top