| четврток, 6 декември 2018 |

Славје на црвената страна од градот Манчестер, Јунајтед ја освои 20. титула (видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ја победија Астон вила со 3-0 и на четири кола до крајот на Премиер-лигата ја освоија титулата, рекордна 20. во Англија. Сега тие се за два трофеи пред Ливерпул, кој има 18 шампионски круни.

Робин ван Перси блескаше вечерва против тимот од Бирмингам и постигна хет-трик за славје на „Олд трафорд“. Најзаслужен, сепак е стариот лисец Алекс Фергусон, кој успешно кормилари со Јунајтед повеќе од две и пол децении, а со клубот освои 13 титули.

Manchester United vs Aston Villa

 

По 34 кола Манчестер јунајтед има 84 бода и е недостижен за градскиот ривал Сити, екипа што има пет натпревари до крајот, но и 68 бода, па веќе нема ниту теоретски шанси за одбрана на ланскиот трофеј. Астон Вила бие тешка битка за опстанок, а има три бода повеќе од директниот конкурент Виган.

szólj hozzá: Manchester Utd vs Aston Villa 3:0 HIGHLIGHTS

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top