| четврток, 6 декември 2018 |

Четири филмски проекции во центарот за култура „Антон Панов“ – Струмица

Вечерва, 30 март, во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, со почеток во 19,30 часот ќе биде одржана филмска проекција на четири интересни филмски остварувања.

Струмичката публика ќе има прилика промотивно да го види новиот македонски документарен филм „ВАЊА – СО МАКИ СУМ СЕ РОДИЛА“ во режија на Синиша Ефтимов, а во продукција на Медиа Бродкастинг.

Ова е документарец за животот и кариерата на една од најголемите женски изведувачи на македонски традиционални песни. Филмот е приказ на нејзиниот актуелен старечки живот, испреплетен со нејзината шеесетгодишна кариера. Сочинет е од изјави на живите сведоци на нејзината долга кариера, архивски снимки и ретки фотографии. Филмот на некој начин ги обединува нејзините ѕвездени мигови од животот. На залезот на животот на Вања Лазарова, нејзина постојана преокупација и понатаму е песната. Таа секојдневно пее, исполнувајќи ги долгите пензионерски денови со убавината на македонскиот мелос…

Истата вечер ќе бидат прикажани и три кратки играни филмови на еминентните француски автори Албер Ламорис и Едмон Сешан: БЕЛАТА ГРИВА (1953), ЦРВЕНИОТ БАЛОН (1956) и ЕДНООКИТЕ СЕ КРАЛЕВИ (1974).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top