
Повеќе апсења се случиле во рамки на операцијата за откривање на терористичка мрежа, која планирала да изведе напад во Канада, информирала локалната телевизија пред сојузната полиција да одржи прес конференција за печат во врска со националната безбедност.
Како што објавила телевизијата “Си – Би- Си“, овој план за напад не е поврзан со нападот во Бостон.
Телевизијата прецизирала дека полициската операција која е изведена во изминатите денови се спроведени апсења во Квебек и Онтарио, додека приватната телевизија „Си-Ти-Ви“ јавува дека апсења биле спроведени во Торонто и неговиот регион.
Оваа операција е резултат од истрагата водена повеќе од една година заедно со Американската сојузна полиција (ФБИ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


