Вечерва ширум Европа се играа пријателски натпревари, меѓу кои и неколку „дербија“, со многу постигнати голови.
По одличната игра и победата над Германија пред неколку дена, репрезентацијата на Англија вечерва во пријателски натпревар беше поразена на домашен терен од Холандија.
„Лалињата“ победија со 2-1 после пресвртот во второто полувреме.
Одличната форма во која се наоѓа, уште еднаш ја потврди Џејмс Варди, кој го постигна водечкиот гол за Англичаните во самиот финиш од првото полувреме.
По пет минути игра во вториот дел Холанѓаните изнудија пенал, а Јансен беше прецизен од белата точка за израмнување на 1-1.
Селекторот на Англија, Рој Хоџсон направи четири измени, но без некаков посебен ефект. Гостите преку Нарсинг во 78. минута направија целосен пресврт и ги поставија конечните 1-2.
Во Париз беа постигнати шест голови. Француската репрезентација уште еднаш ја потврдија својата одлична форма за престојното ЕП, овој пат на домашен терен ја совладаа Русија со 4-2.
Одличниот Гризман асистираше при првите два гола на домаќините, во 8. минута Канте беше прецизен, а водството го дуплираше Жинјак во 38. минута.
Во второто полувреме надежта на Русите ја врати Кокорин со погодок во 56. минута, но таа траеше осум минути, кога Паје во 64. минута го постигна третиот гол за „триколорите“.
Четири минути подоцна Јури Жирков намали на 3-2, а сите дилеми околу победникот ги реши Коман во 76. минута, по асистенцијата од Паје, ги постави конечните 4-2.
Уште едно „пријателско дерби“ со многу голови се одигра и во Минхен меѓу најтрофејните европски репрезентации.
После „болниот“ пораз од Англичаните пред неколку дена, Германците го истурија својот бес врз Италијаните. На „Алијанц Арена“ ги декласираа „аѕурите“ со 4-1.
Тони Крос го постигна првиот гол за домаќините во 24. минута, потврдувајќи дека се наоѓа во одлична форма. Во самиот финиш од првото полувреме Марио Геце, по центаршутот на Милер, постигнува гол со глава за водство од 2-0.
Во вториот дел, Јулијан Дракслер во 59. минута изработи одлична акција и асистираше до Хектор, кому не му беше тешко да ја затресе гостинската мрежа за високи 3-0.
Последниот гол за Германците го постигна Озил од пенал, а Ел Шарави во 83. минута го постигна „утешителниот“ гол за Италијаните за конечен резултат од 4-1.
Португалците изиграа одлично на домашен терен против Белгија, еден од фаворитите во сенка за престојното ЕП во Франција.
Домашната репрезентација постигна два гола во првото полувреме. Нани покажа одлични реализаторски способности, по асистенцијата од Гомеш, во 20. минута погоди за водство од 1-0. 20 минути подоцна, ѕвездата на Португалија, Кристијано Роналдо го искористи прецизниот центаршут на Марио и со глава беше прецизен за 2-0.
Во вториот дел, Белгијците единствено што успеаа да направат е да намалат на 2-1 преку Ромелу Лукаку во 62. минута, по асистенцијата на неговиот брат, Џордан Лукаку.
Резултати од денешните пријателски натпревари:
Црна Гора – Белорусија 0-0
Естонија – Србија 0-1
Грузија – Казахстан 1-1
Македонија – Бугарија 0-2
Грција – Исланд 2-3
Гибралтар – Летонија 0-5
Норвешка – Финска 2-0
Луксембург – Албанија 0-2
Австрија – Турција 1-2
Шведска – Чешка 1-1
Швајцарија – БиХ 0-2
Ирска – Словачка 2-2
Германија – Италија 4-1
Португалија – Белгија 2-1
Англија – Холандија 1-2
Франција – Русија 4-2
Шкотска – Данска 1-0
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот