Македонецот Ристе Ристески уште еднаш ја воодушеви публиката со својата одлична изведба на популарните песни „Доџи“ од Парни Ваљак и „Гас до даске“ од Петар Митиќ, а со тоа заслужено се пласираше во четвртиот круг од најгледаното музичко шоу во регионот, „Ѕвездите на Гранд“.
Имено, во саботата (26 март) започна да се емитува третиот круг од „Ѕвездите на Гранд“, а во првата емисија балканската публика имаше можност да ужива во фантастичната интерпретација на охриѓанецот Ристе Ристески кој веќе на големо го освојува регионот.
Вистинско изненадување за публиката беше одлуката на нашиот Ристе конечно да запее на македонски јазик. Тој ја изведе легендарната „Има ли песна“ од Наум Петрески и доби громогласен аплауз од присутните.
Во еден момент од баражот, шармантниот охриѓанец го погреши текстот од песната „Сечаш ли се оне ночи“ која во оригинал ја изведува Харис Џиновиќ, но дивата Јелена Карлеуша стана и го поддржа пеејќи го останатиот дел од песната.
– Ристе е многу секси, уште од сега гледам како илјадници фанови ќе врескаат по него. Македонија треба да биде горда и силно да го поддржи, ова момче пее фантастично и изгледа многу убаво, прокоментира Јелена Карлеуша за еден српски медиум.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)