
Судот во Скопје распиша потерница по Митја Валиќ, функционер во словенечката влада, кој е осомничен во акцијата „Агент“, како дел од групата која со Слободан Богоевски и со адвокатите испрале еден милион евра. Митја Валиќ раководи со Директоратот за инвестиции при Министреството за образование во Љубљана, но деновиве е во Централна Азија на одмор, пренесе А1он.
На Валиќ му е одреден притвор во отсуство, исто како и на Ален Јегени, додека Богоевски и двајцата осомничени адвокати се веќе во притвор. На шестата во групата, Даниела Трајковска, и е одземен пасошот како превентивна мерка.
Валиќ, во 2009 година бил преставник на „Меркатор“ во Скопје и според пријавата на МВР, помогнал да се извлечат парите од „Меркатор“ и да се уплатат на фирмата на адвокатот од Скопје, Васко Томановиќ, која има исто име како кипарската фирма, која била сопственик на парцелата кај „Борис Трајковски“. Тој за словенечките медиуми изјавил дека не знае за никаков криминал и дека од медиумите дознал дека има кривична пријава за него, но не одговорил дали ќе се пријави во скопскиот суд или, пак, на Интерпол во Љубљана.
Сличен став има и „Меркатор“, кој тврди дека работат согласно законите и дека не се вмешани во никаков криминал, без при тоа да наведат дали дале еден милион евра и со каков изговор ги уплатиле за потоа некој да си ги подели.
Валиќ, според словенечките медиуми, политички е поврзан со актуелната премиерка Аленка Братушек и со екс- градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агентот на Верати: Тој е роден победник, но со ПСЖ не може да си ги оствари соништата
-
Агентот на Погба и Ибрахимовиќ по успешните трансфери ја купи вилата на Ал Капоне
-
Најголемата тајна во историјата: Кој бил Хитлер и за кого работел?
-
Бејл ќе го смени агентот поради тоа што не сака конфликт со соиграчите! (видео)


