
Туристичка окупација на Грција – да, територијални претензии кон јужниот сосед – не.
Вака пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија, Антонио Милошоски, му одговорил на грчкиот претставник од делегација на Комисијата за цивилна димензија на безбедноста во Парламентарно собрание на НАТО, која денеска ја посети Македонија и се сретна со македонски пратеници. Инаку, грчкиот претставник се интересирал дали Македонија има територијални претензии кон Грција.
– Одговорив да, имаме сезонски аспирации од јуни до август кога повеќе од 300.000 туристи одат на одмор и ги окупираат плажите на егејското приморје. Тоа е одговор на такви констатации кои ги сметаме за несериозни. Досегашното искуство од 23 години од независноста на државата ни покажува дека меѓу двете земји има добри односи без ниту еден територијален или граничен инцидент – изјави Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО
-
Не се очекува земјите од Алијансата да распоредат ново нуклеарно оружје во Европа


