| четврток, 6 декември 2018 |

Геце и Клоп повторно ќе соработуваат, трансферот во Ливерпул ќе чини 20 милиони евра

gece i klop

Марио Геце веќе донел одлука за својата иднина, а тоа е летен трансфер во Ливерпул. Можноста повторно да заигра за Јирген Клоп, кого го смета за најдобриот стратег со кој има работено, е главната причина поради која германскиот репрезентативец одбил неколку интересни понуди, меѓу нив и онаа на Јувентус и најавил преселба на „Енфилд роуд“.

Не е никаква тајна дека Геце е незадоволен од статусот во Баерн, а фактот дека баварците не му нудат нов договор е јасен предзнак дека на него не се смета сериозно ниту под водство на новиот тренер Карло Анчелоти. Актуелниот договор истекува во јуни 2017 година, па токму затоа и вредноста на офанзивецот е значително намалена во однос на минатото лето. Според англиските медиуми, во таборот на Ливерпул се убедени дека ќе успеат да го комплетираат трансферот на 23-годишниот ас за вредност од околу 20 милиони евра, што би бил извонреден потег.

Воедно, Клоп се интересира и за голманот на Барселона, Тер Штеген, но и за левиот бек на Келн и на германската репрезентација, Јонас Хектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top