Веќе одамна не е вест дека некоја холивудска ѕвезда има посебни барања од хотелот во кој престојува. Но, кога е тоа Џон Траволта и кога бара темни прозорци и машки масер, тогаш тоа привлекува големо внимание.
Шпекулациите околу сексуалноста на Траволта кружат со години. Во минатото масери во неколку наврати го обвинија актерот дека сексуално ги малтретирал – двајца го тужеа, а еден признал дека му пружил „среќен крај“ на Траволта за време на масажа.
Освен масер, Траволта бара прозорците во неговата соба во хотелот да бидат обложени со фолија и прекирени со темни завеси, а во неа никој не смее да престојува 24 часа пред него за да не почувствува туѓ мирис.
Но, барем не бара посебна постелнина – сам си носи своја посебна постелнина каде и да престојува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.