| четврток, 6 декември 2018 |

Седум години откако го загуби, Траволта со емотивна порака за неговиот аутистичен син

Actor-John-Travolta-with-his-son-Jett

Пред седум години 16-годишниот Џет, син на Џон Траволта и Кели Престон, го загуби животот откако ја повреди главата за време на аутистичен напад, за време на семејниот божикен одмор на Бахамите.

Актерот со емотивна порака ја обележа седумгодишнината од смртта на најстариот син, посто кој на „Фејсбук“ беше споделен повеќе од 100.000 пати, но набргу беше отстранет од страницата.

 

John-Travolta-436466

„Велат дека најтешкото нешто во животот е да се изгуби родител. Сега можам да кажам дека тоа не е вистина. Најтешкото нешто на светот е губитокот на детето. Некој кој си го пораснал и си гледал како расте секој ден. Некој кој си го научил да оди и да зборува. Некој кому си му покажал како се сака. Тоа е најлошото нешто што може да му се случи некому.

Мојот син умре од напад. Ми донесе толку многу радост. Тој ми беше се. Тие 16 години кои бев негов татко ме научија како да сакам безусловно.

John-Travolta

Мора да застанеме и да бидеме благодарни за нашите деца, а и нашите деца треба да застанат и да бидат благодарни за нивните родители. Бидејќи животот е многу краток. Поминувајте време со вашите родители и родители – потрошете време со вашите деца. Третирајте ги убаво. Бидејќи еден ден, кога ќе го кренете погледот од вашиот телефон, тие нема да бидат тука повеќе.

Она што навистина го научив најмногу е – живеј и сакај секој ден како да ти е последен. Бидејќи еден ден и ќе биде. Рискирајте и одете живејте го својот живот.  Кажете им на тие што ги сакате дека ги сакате секој ден. Не земајте ни еден момент зсраво за готово. Животот е вреден за живеење“ – пишува Траволта.

John-Travolta-his-wife-Kelly-Preston-and-their-children-Jett-2nd-R-and-Ella

Траволта и неговата сопруга, актерката Кели Престон, имаат уште две деца, 15-годишната Eла Блу и петгодишниот Бенџамин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top