Светските таблоиди не престануваат да пишуваат за наводната врска на двајцата легендарни актери и приватно големи пријатели Џон Траволта и Том Круз, која трае цели три децении.
Со огромни наслови кои напаѓаат со упадливи букви „Актерите 30 години во љубов“, еден таблоид носи три сериозни тврдења: „Детали од тајниот викенд на љубовниците“, „Опсесијата на Траволта со Круз“ и „Што се Кели знае“ илустрирана со фотографија на вознемирената сопруга на Џон Траволта, Кели Престон, пренесува српски „Блиц“.
Траволта, како што тврдат добро информирани извори, наводно бил многу заинтересиран за младиот Том Круз уште пред неколку децении, во далечната 1983 година кога го видел во филмот „Risky Business“.
Потоа, Траволта го поканил Круз заедно да отпатуваат на неколку дена, а интересно е што заедно оделе во Сајентолошката црква.
Сето тоа влијаело актерите да бидат блиски и да одржуваат супертајна врска 30 години.
Но, ова не е првпат Траволта да е вмешан во геј скандал. Всушност, пред пет години се појави книга од Роберт Рандолф кој тврди дека Траволта со години имал голем број на љубовници. Наводно, тој се обидел да го заведе и него, но Рандолф го одбил. Потоа во 2012 година се појави уште еден човек кој тврдеше дека познатиот актер му понудил 200 долари за секс, а исто обвинениа следеше на сметка на Траволта од страна на еден од неговите вработени.
И со името на Том Круз се врзуваат хомосексуални врски, но никогаш како што е случајот со Траволта. Наводно, Круз имал романса со пејачот Роб Томас и колегата од „Невозможна мисија“, Џереми Рејнер, и имаше гласини дека старателството на ќерката Сури ја има поранешнта жена Кејти Холмс токму заради тоа за да не му открие на светот за неговите хомосекусални тенденции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.