| четврток, 6 декември 2018 |

Гоца Тржан: Ќерка ми ја носам на психијатар, семејната драма остави последици

По семејната драма што ја преживува поради правот што се крена во медиумите откако нејзиниот бивши сопруг Иван Маринковиќ јавно ја прозва во реалното шоу во кое учествува, мајката на поп-пејачката Гоца Тржан преживеа инфаркт, а пејачката се огласи во медиумите откивајќи ја својата страна на приказната.

„Се претставува како многу посветен татко… Лена го нема видено една година. Тоа е се’ што можам да го кажам за него како за татко. Затоа, нека ме остави мене и моето семејство на мира! Не ми помагаше ниту во бракот, ниту сега. Сама се борам да го прехранам моето дете. Треба да замолчи и да не лае, но што му преостанува друго на кучето освен да лае…“, изјави Гоца за српскиот портал „свет.рс“, додавајќи:

„Раша, Лена и јас одиме на психијатар, но одделно. Никој од нас не луд, но понекогаш е потребна објективна личност да те насочи и да ти укаже каде грешиш. Многу нешта научив од психотерапевтката, меѓу другото и како да ја насочувам Лена по разводот и по сето ова што ни се случува“, искрена е Гоца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top