За околу два месеци, тој ќе наполни 35 години и веќе почна да прави планови за тоа што ќе прави во иднина. Од вчера, голманот на Порто е европски рекордер според бројот на настапи во репрезентацијата (166), но оваа бројка изгледа дека нема уште многу да се зголеми.
– Времето минува за сите и јас не сум исклучок. Се гледа дека крајот на мојата кариера е многу блиску и јас немам проблем да го признаам тоа. Задоволен сум и среќен од моите достигнувања, имав многу добри и лоши моменти, но ги помнам само добрите. Не знам дали ќе играм за Шпанија, но сакам да бидам во тимот за Европското првенство. Дали ќе бидам таму, ќе одлучи селекторот – изјави Касилјас.
Во шпанската репрезентација, тој има голема конкуренција во голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа и Дел Боске ќе има проблеми кому да му укаже доверба во стартната постава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.