| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската полиција конфискувала еден тон нафта во северно Косово

­косово5

Косовската полиција соопшти денеска дека конфискувала еден тон нафта на територијата на општина Лепосавич, во северно Косово, јавува Танјуг. Превозното средство било управувано од страна на граѓанин на Србија. Тој е пуштен да се брани од слобода за време на редовната процедура. Превозното средство и нафтата се запленети.

Случајот е оценет како обид за незаконски премин на граница. Превозното средство било сопрено од членовите на европската мисија ЕУЛЕКС и косовската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top