| четврток, 6 декември 2018 |

Италијаните избраа идеален состав од екс-ју, само Македонија нема преставник

sfrj sostav

Пред секое големо репрезентативно натпреварување, многу медиуми се прашуваат што би било ако СФРЈ не се распаднеше и со каков состав ми би можела да настапи на престојното европско првенство во Франција.

Италијанскиот „Тутомеркато“ одлучи да склопи тим од фудбалерите од некогашната држава иако во Франција ќе игра единствено хрватската репрезентација. Се очекува “коцкестите” таму да имаат важна улога, па можеби и затоа најголем број фудбалери во замислениот идеален тим има од Хрватска – дури осуммина.

Она што е поразително за нас е што Македонија е единствената држава од поранешната СФРЈ која нема претставник во овој тим.

Стартната постава би изгледала вака: Хандановиќ – Ивановиќ, Максимовиќ, Савиќ, Коларов – Модриќ, Ракитиќ, Пјаниќ, Љајиќ, Перишиќ – Манџукиќ.

Комплетниот тим, пак, составен од 23 фудбалери воопшто не би бил без шанси за висок пласман на Европското првенство во Франција.

Голмани: Асмир Беговиќ (Босна и Херцеговина, Челси), Самир Хандановиќ (Словенија, Интер), Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид).

Одбрана: Даријо Срна (Хрватска, Шахтар), Домагој Вида (Хрватска, Динамо Киев), Бранислав Ивановиќ (Србија, Челси), Александар Коларов (Србија, Манчестер Сити), Никола Максимовиќ (Србија, Торино), Невен Суботиќ (Србија, Борусија Дортмунд), Стефан Савиќ (Црна Гора, Атлетико Мадрид).

Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Хрватска, Барселона), Матео Ковачиќ (Хрватска, Реал Мадрид), Иван Перишиќ (Хрватска, Интер), Јосип Иличиќ (Словенија, Фиорентина), Немања Матиќ (Србија, Челси), Миралем Пјаниќ (Босна и Херцеговина, Рома).

Напад: Марио Манџукиќ (Хрватска, Јувентус), Никола Калиниќ (Хрватска, Фиорентина), Един Џеко (Босна и Херцеговина, Рома), Стеван Јоветиќ (Црна Гора, Интер), Адем Љајиќ (Србија, Интер), Александар Митровиќ (Србија, Њукасл).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top