Извор од комисијата што ги истражува причините за падот на авионот на нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“ во близина на аеродромот во Ростов на Дон на 19 март годинава, а врз основа на дешифрирањето на последниот разговор на екипажот, наведува дека во кабина се случувало нешто необјасниво непосредно пред леталото да удри на земјата.
Според податоците на истрагата, при второто облетување „боингот“ ненадејно се подигнал на висина од 1.500 метри.
– Висината се зголемувала автоматски 40 секунди. Бидејќи не ја постигнал потребната висина, пилотот го исклучил автопилотот. Засега не е јасно зошто го направил тоа. Можно е авионот да се нашол, според сленгот на пилотот, во атмосферски ножички. Токму од тој момент, кога е исклучен автопилотот, „боингот“ почнува да понира.
Авторите на емисијата посветена на оваа несреќа на ТВ „Русија 1“, повикувајќи се на стручњаци, претпоставуваат дека по исклучувањето на командата пилотот се обидел да го изведе авионот во хоризонтален лет, но се вклучил стабилизатор, кој предизвикал блокада на управувачот.
– Тој се вклучува на копче. Во текот на турбуленцијата, главниот пилот преминувајќи на рачно управување и можел случајно да го притисне тоа копче и да не забележи, особено ако се има предвид дека претходно се жалел на хроничен замор. Ако не е така, тогаш станува збор за необјасниво откажување на автоматиката – пишува во материјалот. Рускиот канал ги пренесува зборовите на својот извор, според кого шест секунди пред падот на авионот во кабината се зачуле нечовечки крикови, што можело да се слушне и при преслушувањето на црната кутија.
Авионот на авиокомпанијата „Флај Дубаи“ се урна на 19 март, а во несреќата загинаа сите 55 патници и седум членови на екипажот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)