Легендарниот фудбалер на Барселона може да се пофали со нешто што не може ниту еден друг фудбалер на светот…
За што всушност се работи?
Андрес Иниеста е единствениот фудбалер во историјата кој е прогласен за најдобар играч на – финале во Лига на Шампиони, финале на Европско првенство и финале на Светско првенство.
Со Барселона освои сѐ што може да се освои, има трофеј од секое натпреварување во кое играл – шпанската Примера Дивизија (7 титули), Кралскиот куп на Шпанија (3), Суперкуп на Шпанија (6), Лига на Шампиони (4), Суперкуп на Европа (3), Светско клупско првенство (3).
Со шпанската репрезентација го освои СП 2010 година во Јужна Африка, го постигна победничкиот гол во финалето против Холандија. Два пати по ред со „црвената фурија“ ја освојуваа Европа (ЕП 2008, ЕП 2012) и два пати во младинските категории (2001, 2002). Единствениот трофеј кој го нема освоено со репрезентацијата е Купот на Конфедерации, а за тоа се виновни Бразилците, кои ги победија Шпанците на „Маракана“ во финалето на ова натпреварување во 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)