| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца од Челопек ќе се соочат со глоба за организирање борба со кучиња

tselopekБорба со кучиња во месноста Бриони кај Челопек била пријавена телефонски во полициското одделение во Жеровјане вчера околу осум часот, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

По добиената пријава полициска екипа излегла на увид при што било потврдено дека А.Ф.(37) и М.Е.(37) и двајцата од Челопек биле организатори и сопственици на кучињата што се бореле.

– Нарушувањето на јавниот ред и мир било фотодокументирано и двајцата сопственици и организатори на борбата ќе се соочат со соодветни поднесоци за глоба согласно Законот за прекршоци на јавниот ред и мир што изнесува од петстотини до илјада евра во денарска противвредност, рече Јосифовски.

Според полициските податоци борба со кучиња како нарушување на јавниот ред и мир во Челопек била утврдена и на 13 февруари годинава по што организаторите исто така добиле соодветни поднесоци. Во посериозни случаи борбата со кучиња може да се третира и како кривично дело измачување животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top