| четврток, 6 декември 2018 |

Надал не успеа да се пласира во 3.коло на Мастерсот во Мајами

nadal

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал му овозможи на Босанецот Дамир Џумхур да го направи најголемиот успех во својата кариера со пласманот во 3. коло на Мастерсот во Мајами.

Надал при резултат 1-1 во сетови и 3-0 во гемови за Џумхур го предаде мечот поради исцрпеност од високите температури.

Шпанецот побара лекарска интервенција, му мереа крвен притисок и на крај се одлучи да не го доигра мечот.

На машкиот дел од турнирот од фаворитите ноќеска пласман во 3.коло изборија Енди Мареј и Жо-Вилфред Цонга.

Кај тенисерките од фаворитките во следната фаза се пласираа Агњешка Радванска, Симона Халеп и Серена Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top