| четврток, 6 декември 2018 |

Во Италија уапсен Алжирец, поврзан со нападите во Париз и Брисел

133089876Државјанин на Алжир, осомничен дека е поврзан со мрежата, која подготвувала фалсификувани документи за организаторите на терористичките напади во Брисел и Париз, беше уапсен во градот Салерно, во јужна Италија.

Апсењето е извршено од италијанските специјални единици за борба против тероризмот и организираниот криминал по наредба издадена од белгиските власти.

Според податоци на белгиските иследници Џамал ад Дин Вали е поврзан со активностите на мрежата, која ги снабдувала со фалсификувани документи членовите на групацијата, која ги подготвила нападите во Париз и Брисел.

Информациите на истрагата се поврзани со операција од октомври 2015 година, кога во предградие на Брисел беа пронајдени илјадници снимки, кои биле направени за изработка на фалсификувани документи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top