Главниот опозициски перјаник и медиумски стратег Бранко Героски, самиот себе се демантира за вчерашните измислици, кои дури два дена му стојат на насловната страница на Плусинфо дека “ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ги украле цедињата со податоците за спорните гласачи“.
Имено, во текот на вчерашниот ден, Героски повикувајќи се на неименувани извори во ДИК напиша дека без одлука на Државната изборна комисија, без никаква расправа, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА во ДИК пред два дена ги зеле цедињата со податоците за спорните гласачи од просториите на оваа институција.
Но, колку се провидни лагите и манипулациите на Героски и неговите медиуми покажува денешната реакција од ДИК. Комисијата во соопштение испратено до медиуми вели дека цедињата со податоци од вкрстените проверки им се дадени на членови на ова тело.
-Во однос на информациите кои се појавија во дел од медиумите, а се однесуваат на ЦД-а со податоци од вкрстените проверки, Државната изборна комисија известува дека на барање на членови на Комисијата, а единствено во рамките на правото за добивање на тие податоци и вршењето на нивните надлежности како членови на ДИК, истите им се издадени, се вели во соопштението испратено до медиумите.
Од ДИК информираат дека на првата наредна седница ќе расправаат за можноста сите неконзистентни записи да се објават на интернет страницата на ДИК, заради транспарентност на процесот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.