Изгледа сагата за Мирослав Илиќ и неговата бивша љубовница Марија Антоновиќ ќе добие епилог.
Имено пред српското судство наводно е покрената постапка за утврдување татковство, после што ДНК примерок ќе биде земен од Девин во Америка, а од Мирослав веројатно во Србија.
-Постапката која е поведена пред српскиот суд проследена е до Министерството за правда од кое се бара, барањето за утврдување татковство да се проследи во Америка. Таму ќе се земе примерок од Девин, во Србија, од Мирослав по што примероците ќе се споредат да се види дали се компатилибилни- вели извор запознаен со постапката.
Мирослав се уште не е расположен да зборува на оваа тема.
-Не ме интересира-рекол пејачот.
Од друга страна, бившата љубовница на пејачот објаснила зошто Девин морал и неа да ја тужи.
-Не само што законот на Србија бара да се тужи и мајката како би се утврдило татковство, туку ни праводсудството нема моќ да нареди ДНК анализа. Бидејќи Мирослав е упатен во овој закон, најави дека нема да прави ДНК. Судот може да го замоли, но не и да го натера- вели Мирјана Антоновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.