Експертите предупредуваат дека грицките, односно нездравата храна го зголемува стомакот, односно ги насобира маснотиите околу струкот, па препорачуваат дневно да се јадат по три оброци кои можат да бидат и поголеми.
Холандско истражување покажало дека голема штета прават разните грицки кои содржат високо ниво на маснотии и многу шеќери бидејќи тие се виновни за зголемување на дебелина во пределот на стомакот.
Од друга страна кај обилните оброци тоа не е забележано. Научниците докажале дека три урамнотежени оброци дневно водат до оптимална тежина и здравје. Маснотиите во студијата се мерени со магнетска резонанса, а чувствителноста на инсулин пред и по оброкот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.