Мапа на меѓународниот бриселска аеродром Завентем кој беше нападнат во вторникот од бомбаши самоубијци била пронајдена во стан во грчката престолнина Атина во кој престојувал Абделхамид Абаауд, еден од организаторите на нападите од ланскиот 13-ти ноември во Париз, пишува во неделата агенцијата Belga, пренесе „Макфакс“.
-Цртежи и шеми на аеродромот во Брисел биле откриени во компјутерот и USB стик во стан во Атина, каде што во јануари 2015 година престојувал Абделхамид Абаауд, еден од организаторите на париските терористички напади, пренесува агенцијата повикувајќи се на своите извори во истрагата.
Претходно оваа информација ја објавија и некои грчки медиуми, повикувајќи се на извори во тамошната полиција.
Грчкото обвинителство не ја потврдило за белгиската новинска агенција оваа информација.
Истовремено, веб страницата на грчката телевизија Skai ги истакнува тешкотиите во соработката на белгиските и грчките власти по прашањето на размената на податоците за сомнителните лица особено во услови на огромниот мигрантски бран кој ја зафати минатата година Европа.
Претходно во петокот вечерта белгискиот министер за внатрешни работи Јохан Јан Јамбон вината ја префрли врз полициската небрежност како причина што не било влезен во трага на милитантот на Исламската држава Ибрахим Бакрави, кого минатата година го протерала Турција, а тој во вторникот се разнесе во Брисел.
Белгиските власти се соочија со непријатности откако Турција во средата објави дека го претерала Ибрахим Ел Бакрави назад во Европа минатиот јули, предупредувајќи дека е милитант. Ибрахим Ел Бакрави е еден од бомбашите кои се разнесоа во нападите во вторникот, разнесувајќи се на бриселскиот меѓународен аеродром Завентем.
Во февруари 2015 година за време на антитерористичка операција во Белгија биле откриени документи кои покажувале дека се подготвуваат големи терористички напади на територијата на земјата. Водачот на таа група, Абделхамид Абауд, го избегна апсењето, бидејќи во тој момент се наоѓал на боиштето во Сирија.
Подоцна тој бил еден од главните организатори на терористичките напади во Париз од 13-ти ноември 2015 година кога беа убиени 130 луѓе а повеќе од 350 беа ранети. Тој беше ликвидиран неколку дена подоцна во престрелка со француската полиција во париското предградие Сен Дени.
Серија терористички напади се случија во Брисел утрото на 22-ри март. Две експлозии предизвикаа бомбаши самоубијци на терминалот за полетување на меѓународниот аеродром Завентем, а уште едена експлозија имаше во станицата на подземната железница Малбек, во близина на европскиот кварт. Според досегашните информации, во нападите загинаа 31 човек, а 316 лица се ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Инцидент на скопски аеродром: Експлодирал куферот на Тајзи, интервенирало обезбедувањето (фото)
-
Марин не си го исполни ветеното: Наместо паркинг никнува зграда во Аеродром
-
Апсење на скопски аеродром, уапсен млад маж
-
Митески: Една година откако локалната власт во Аеродром е под раководство на СДСМ и Златко Марин, а разочарувањето на жителите е огромно(видео)