Mercedes GLC Coupe, автомобил го креираше Славче Танески кој работи за брендот Мерцедес во Германија.
Младиот дизајнер е дел од дизајнерскиот тим на „Мерцедес“ и веќе некое време работи за овој германски бренд, а неговите дела се дел во голем број на дизајнерски елементи кои вклопени во автомобилите од овој бренд. Но, новиот модел GLC Coupe кој моментално на авто саемот во Њујорк го доживува своето деби е целосна негова креација која ќе доживее сериско производство.
Еве што има создадено Славче: GLC Coupe се карактеризира со оној купе изглед и големи задни фарови што помалку наликуваат како оние кај неговиот поголем брат GLE Coupe. На предниот дел е воочлива голема решетка во форма на дијаманти (дизајнерски белег кој што веќе е препознатлив за Славче, но и за Mercedes), поставена е истата хауба од стандардната верзија на GLC, а се забележуваат и поспортски браници.
Внатре можат да се најдат неколку промени во однос со стандардната верзија на GLC. Coupe верзијата добива ентериер кој одговара како оној на C-класата, поставена е целосно нова централна конзола на кој е поставен е и нов екран кој наликува како таблет. Иако содржи купе форма, во споредба со стандардната верзија, Coupe e подолго и пошироко за 80/40 милиметри со што сепак е задржана истата внатрешна големина за седење со што не е нарушен комфорот на патниците.
Возилото ќе се појави низ салоните од јуни месец оваа година по цена околу 49,000 евра, а се надеваме дека ќе имаме прилика често да го гледаме на нашите улици, но и да имаме повеќе шанси да гледаме вакви дела креирани од Македонци!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.